Tuesday ,08 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Висока победа на пионерите и реми за пом.пионери на гостувањето кај Њу Старс
Висока победа на пионерите и реми за пом.пионери на гостувањето кај Њу Старс

Висока победа на пионерите и реми за пом.пионери на гостувањето кај Њу Старс

Во рамките на 8.коло во младинските фудбалски лиги, денес на теренот во Ѓорче, пионерските екипи на ФК Вардар гостуваа кај екипата на Њу Старс. Повозрасните успеаа со висока победа да го „одработат“ ова гостување, пом.пионери одигаа реми.

Помладите пионери неочекувано загубија два бода, откако денес одиграа само со нерешен резултат во дуелот со Њу Старс. Домашниот тим во 24 минута го отвори резултатот и поведе со 1:0, додека Вардар до крајот на првото полувреме израмни на 1:1 со голот на Бесар Гуџуфи. Во вториот дел направивме резултатски пресврт, кога противничката мрежа ја затресе нововлезениот Исмет Хајдари, со гол во 47 минута за водство од 1:2. Нашата радост не траеше долго време, во 51 минута домашниот тим постигна уште еден гол и израмни на 2:2. До крајот на мечот се обидувавме да постигнеме нов гол, имавме неколку шанси, кои останаа без реализација. На крајот дуелот заврши без победник, со резултат 2:2.

Вардар: Ангелов, Павлески, Ричков, Јаневски, Милошевски, Љушев (c) , Попов, Стоимов, Ибраим, Здравковски, Гуџуфи.
  Ва
 
Пионетире на Вардар  одиграа одличен меч, тие дојдоа до трите бода со дури шест постигнати погодока во мрежата на ривалот. Уште по првиот период ние успеавме да дојдеме до висока предност, на одмор заминавме со 0-2. За нас погодија Живков Славче и Давидовски Петар, со нивните погодци заминавме на пауза со 0-2. Во вториот дел повторно истите играч беа талични за домаќинот, веќе во 50.минута водевме со високи 0-4 откако ја удвоивме предноста.   Геор Стојановски во 62 стрелаше за „петардар“, тој погоди за водство од 0-5. Печат на победата стави  Јовановски Дарио  кој погоди за 0-6. Ривалот успеа да постигне само почесен погодок за крајните 1-6.
 
Вардар: Стојковски, Јовановски, Стојчевски, Ѓорговски, Сељанац, Живков, Давидовски, Стојановски, Мирков, Ѓорѓиевски, Трпезановски.