Утре, започнува со одигрување 9.коло во машката ракометана, Супер лига. Во ова вондредно коло, во најквалитетната машка ракометна конкуренција во земјава, тимот на Вардар Јуниор ќе се обиде да дојде до првата домашна победа во оваа сезона.
Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков одлично играат на гости и собраа дури девет бода. По 8.коло за многумина изненадувачки се на позицијата број шест, на која се пред четири други тимови (Пелистер, Струга, Работнички и Металург-2). Повторно играме меч со тим од долната половина на табелата, па истиот аналогно на тоа е важен заради пренесување на бодови во плеј-аут сегментот.
Утре, попладне (среда, 6.ноември) во 16-30 часот во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје ќе ја пречекаме екипата на РК Пелистер. Тимот од Битола досега освои осум бода па на табелата е веднаш зад нас. Дуелот против зелено-белите ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски.