Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар во дербито гостува кај ЖРК Куманово, во „реприза“ на Куп финалето
Вардар во дербито гостува кај ЖРК Куманово, во „реприза“ на Куп финалето

Вардар во дербито гостува кај ЖРК Куманово, во „реприза“ на Куп финалето

Во женската Супер ракометна лига на програмата е вонредното, деветто коло кое ќе се игра во два дена,  утре (6ти.ноември) и задутре (7ми.ноември).

Во истото црвено-црните дами ги очекува огромен предизвик, гостување кај тимот со кој лани одигаа едно епско Куп финале. Тимот кој покрај нас е фаворит за титулата, ЖРК Куманово. Натпреварот е закажан за четврток, со почеток во во 20:00 часот. Судиската правда на мечот кој ќе се игра во салата при ОУ „Перо Наков“ ќе ја делат Виктор Начевски (Скопје) и Даниело Божиновски (Битола).

Во оваа средба влегуваме со 18 бода (6.победи и 1.пораз), а ривалот со максимални 21.бод (7.победи). Не очекува тешка битка, додатен товар покрај гостинскиот терен е и фактот што ние веќе „кикснавме“ на едно гостување, па за да ја одржиме шампионската амбиција  „жива“ мора да останеме најмалку непоразени или доста поповоно би било да дојдеме до „цел плен“.  Двете екипи се познаваат добро лани играа голем број на меѓусебни мечеви, во регуларниот дел од  сениорската лига, па  во плеј офот од истата, младинската конкуренција и во Куп финалето. На кормилото на ривалот е нашиот лански тренер Симовски Симе.