Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Генерациите 2005 и 2006 остануваат со максимален број на бодови и по одигрување на 7.коло во регионалната-скопска лига
(ФОТО) Генерациите 2005 и 2006 остануваат со максимален број на бодови и по одигрување на 7.коло во регионалната-скопска лига

(ФОТО) Генерациите 2005 и 2006 остануваат со максимален број на бодови и по одигрување на 7.коло во регионалната-скопска лига

Вардаровите генерации 2005 и 2006 останаа со максимален ефект и после одигрување на 7.коло во регионалната-скопска лига. Нашите млади надежи во саботата гостуваа кај екипата на Њу Старс, дуели на кои славеа убедливи победи.

Избраниците на Филип Спасески, генерација 2006 играат одлично во дебитантската сезона на регионалната-скопска лига. Во изминатото коло ја победија убедливо екипата на Њу Старс (0:8). Црвено-црните на шест одиграни натпревари имаат исто толку победи, со гол разлика од 32 постигнати и ниту еден примен погодок. Ист број на бодови на втората позиција, но и натпревар повеќе има екипата на Куманово Еуроспорт, додека на третото место се наоѓа екипата на Шкупи.

Погледнете ја табелата кај генерација 2006, каде Вардар е неприкосновен лидер.

2006

До петтиот триумф од исто толку мечеви стигна и генерацијата 2005 на Зоран Петковски, која беше подобра од Њу Старс (0:6). Вардар држи чекор до врвот со екипата на Кул Здравје која има 7 победи на исто толку одиграни дуели. Токму во следното коло, црвено-црните ќе имаат можност да му го нанесат првиот пораз, на најверојатно најголемиот конкурент за трофејот во ова натпреварување.

Како изгледа табелата кај генерација 2005.

2005

Во следното 8.коло на програмата е дербито со екипата на Кул Здравје, мечеви на кои Вардар е домаќин на теренот на Академијата.