Вардар се врати на победничките патеки во Лигата на Шампионите, откако славеше на домашен терен во дуелот со Брест Мешков (36:31). Црвено-црните во текот на целиот натпревар имаа предност и контрола на резултатот. Предводник во триумфот беше Кристопанс кој постигна 9 голови, Чупиќ имаше 7, додека Скубе беше стрелец на 6 гола. Вистинско изненадување на голот беше младиот Марко Кизиќ кој доби 15 минути на голот, период во кој имаше 4 одбрани.
Најинтересните моменти од мечот можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.