Вардар во новото коло од регионалната СЕХА Лига ќе го пречека тимот на Мотор Запорожје. Дуелот со тимот Украјна ќе се игра утре, среда 13.ноември. Мечот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува во 20:15 часот. Оваа средба ќе покаже кој тим ќе се одлепи на врвот на табелата, двете екипи имаат по 15.бода од одиграни шест кола досега.
Дуелот во Скопје ќе може да се следи низ директен пренос на првиот канал на националниот ТВ-Сервис, МТВ. Преносот започнува пет минути пред дуелот на овие два тима кои го играат треттиот меѓусебен натпревар оваа сезона, веќе два пати ние гостувавме во Запорожје, еднаш на меч од СЕХА и на дуел од ЛШ.