Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на 26 и 28.ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на Србија.
За овие дуели, селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Кристијан Китановски, потоа Виктор Крстевски, Александар Ѓурковски, Леонид Игнатов, Дамјан Трајановски и Азер Омерагиќ.