ЖРК Вардар по враќањето на двете А-репрезентативки ќе биде комплетен за нови битки. Веќе утре девојките на Драгана Ристова, Билјана Црвенковска и Александар Царчев ги очекува дерби во младинската женска лига.
Во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на 3.коло од младинската женска конкуренција гостува ривалот од Автокоманда, екипата на ЖРК Металург. Мечот, утре (27/11/2019,среда) кој ќе биде последен “тест“ за двата тима пред викенд битката во Супер лигата ќе се игра со почеток во 18-30 часот. Судии на оваа средба ќе бидат: Ѓорѓи Василевски (Скопје) и Иван ( Јовановски Штип).
По две кола во младинската лига ние имаме една победа од еден одигран дуел, ривалите се исто така 100% со две победи од два одиграни меча. Дали двата тренери ќе ги извадат на терен сите адути утре останува да видиме, фокусот е на суперлигашката пресметка која ќе го одреди тимот кој ќе оди на „зимување“ како втор на табелата зад лидерот, ЖРК Куманово.