Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓа во Бугарија, каде претстојниве два дена ќе се натпреварува на второто издание на меѓународниот младински турнир во Панаѓуриште, именуван по проф. Д-р Лачезар Цоторков.
Нашите млади надежи пристигнаа во текот на вчерашниот ден, кога беше и извршена ждрепката за групите. Вардар се наоѓа во групата А во која се уште и екипите на Обориште од Панаѓуриште, која е домаќин на турнирот, потоа Филипов Казанак и тимот на Витоша Бистрица од Бугарија. Во другата група се наоѓаат екипите на Левски Раковски, Минор Перник, Посејдон од Солун и Беломорец од Асеновград.
Натпреварите ќе започнат од денес а ќе се играат во „Арена Асарел“ во Панаѓуриште.