Стручниот штаб на ФК Вардар не препушта ништо на случајноста, па така лидерот на табелата веќе е во Струмица во карантин каде е со мислите само за утрешниот натпревар на стадионот „Младост” на кој ќе треба да издвојува победа и да се промовира во Есенски шампион на Македонија, на едно коло пред крајот на календарската година.
Дека Вардарци се подготвуваат максимално за овој дуел, говори и податокот дека „црвено – црните” веќе се во oвој град, каде денеска имаа полесен тренинг, а и тактички се подготвуваат за утрешниот дуел. Противникот е добро скениран, па се надеваме на добра игра и победа на нашиот тим.
Во тимот се враќаат на клупата Васоски, како и во првиот тим Најдовски и Адем. Поради два жолти картони, ќе го нема Дарко Мицевски, кој одработува еден меч суспензија.