ЖРК Вардар денес беше поразен на дербито кај Металург. Домаќинот успеа да не совлада со резултат 30-28.
Ова беше борбен меч, нашиот тим покажа големо срце на почетокот. Имаше доста исклучувања во првиот дел, двата тима ја посакуваа победата. Дуелот започна рамноправно 3-3, потоа Илиќ одбрани со нога атрактивно и поведовме првпат на мечот, за 3-4 стрелаше Костовска. Нашата добра игра ја крунисавме со два разлика, во 10.минута поведовме со 4-6 со голот на Седлоска. Ривалот искористи исклучување во нашиот табор и изедначи на 7-7 во 15.минута. Се играше повторно борбено двата тима поведуваа со еден гол а ривалот изедначуваше веднаш, па со 12-12 влеговме во последните 5.минути.
Вардарки доста се бореа, тие за секоја топка влегуваа во костец со ривалот, се гледаше нивната мотивираност. Повторно имавме искучување тоа го искористија сино-белите дами, па да со серија 3-0 поведоа со 16-12 во 29.минута со голот на Иљаз на празен гол. Успеавме да намалиме до крајот на 16-13 и со тој резултат отидовме на одмор.
Вториот дел започна со по еден гол за почетни 17-14, потоа следеа наши минути. Ние успеавме да направиме серија 0-3 и да изедначиме на 17-17. Во одбрана фантастични беа сите, а Гроздановска која конечно доби прилика покажа срце како и Ана Марија Коларовска. Потоа беше 19-19, следеше период на домаќинот, во кој тој се одлепи на 24-20. На вардарки, не може да им замериме за борбеноста која ја покажаа. Во последните десет минути влеговме токму со тие четири негатива, на семафорот стоеше 26-22. Немавме сила да се вратиме во игр,а па бевме поразени со 30-28.