Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Михајловски го откажа Пелистер, младинците на Вардар Јуниор убедливи против битолчани
Михајловски го откажа Пелистер, младинците на Вардар Јуниор убедливи против битолчани

Михајловски го откажа Пелистер, младинците на Вардар Јуниор убедливи против битолчани

Кадетите на Вардар Јуниор триумфираа на натпревар од групата 1 младинската ракометна лига Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, избраниците на Будимир и Станковски убедливо ја победија екипата на Пелистер и го запишаа четвртиот триумф во оваа конкуренција.

Заслужена победа за вардаровите кадети, кои во текот на сите 60 минути беа во предност. Од самиот старт на дуелот наметнавме силно темпо, кога успеавме да поведеме со 3:0. На првиот гол, гостинот од Битола чекаше цели пет минути за намалување на 3:1, а последен пат беа блиску до нашето водство кога намалија на 4:3. Во продолжение од мечот се беше во доминација на вардарци. Со серија од 6:0 успеавме да се одлепиме на највисоки 10:3 и тука веќе како да го решивме победникот на овој натпревар, на кој немаше неизвесност до крајот. Предноста ја одржувавме до крајот на првото полувреме, а Пелистер воспостави некаков баланс до крајот на првото полувреме, па после истекот на првите 30 минути резултатот беше 13:7 во корист на Вардар Јуниор. На голот го имавме одличниот Михајловски кој беше нерешлива енигма за пелистерци.

1 2

Црвено-црните имаа фуриозен старт на второто полувреме, кога постигнаа три голови во серија и поведоа со највисоки девет голови разлика (16:7). Во вториот дел, вардарци беа поефикасни, успевајќи да постигнеме 19 голови, наспроти само 8 на противничката екипа. Поведовме и со високи 17 голови, кога резултатот на семафорот гласеше 29:12. Последните минути беа само рутина за вардарци и прашање со каков резултат ќе заврши овој нерамноправен дуел. Конечниот резултат е 32:15 за екипата на Вардар Јуниор.

Најефикасен во нашите редови беше десниот бек, Давид Савревски кој постигна шест голови. Одличен на голот беше Христијан Михајловски кој мечот го заврши со 16 успешни интервенции. Давид Стојкоски имаше 3 интервенции. Сите се запишаа во листата на стрелци, освен двајцата голмани Стојкоски и Ангеловски, додека Михајловски успеа да постигне и еден гол.

Вардар Јуниор: Стојкоски, Мишевски 2, Чакалиќ 3, Тркалевски 3, Миндошев 1, Ангеловски, Петков 1, Димитријевски 2, Србиновски 1, Грујовски 1, Савревски 6, Пешевски 3, Димчевски 2, Киселовски 3, Калајџиески 3, Михајловски 1.