Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2009 го освои меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија
ФК Вардар генер. 2009 го освои меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија

ФК Вардар генер. 2009 го освои меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија

Генерацијата 2009 на ФК Вардар го освои меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија. Момците на Кралевски во финалниот дуел ја победија екипата на Левски-Раковски.

Во текот на денешниот ден ги одигравме завршните натпревари на турнирот. Како што известивме утрово во 1/4 финалето ја совладавме екипата на Витоша со резултат 2:1.

Последната пречка до финаето ја поминавме на убедлив начин, откако во 1/2 финалето бевме подобри од екипата на Минор Перник со резултат 4:1. На полувреме, црвено-црните имаа водство од 2:1. Четири различни играчи успеаа да се запишат во листата на стрелци. Се работи за Вито Павлов, Јаков Стојковски, Матеј Николов и Васко Папалиски.

2

Во големото финале успеавме да ја победиме екипата на Левски-Раковски, дури после изведување на пенали. Иако противникот во два наврати имаше предност од два гола, сепак избраниците на Кралевски успеаа да го израмнат резултатот. Екипата на Левски имаше водство од 2:0 и 3:1, но Вардар до крајот постигна два гола и ги постави конечните 3:3 во регуларниот дел на дуелот.

77400044_3138355312845251_6261804529335926784_o

После изведување на пенали, подобри беа нашите млади надежи. Во пенал серијата погодија Јаков Стојковски, Лука Грчевски и Марко Петровски. Во конкуренција на осум екипи, Вардар го освои првото место на меѓународниот турнир во Панаѓуриште.