Екипата на Вардар Јуниор се врати на победите во најсилната супер лига, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански ја совлада убедливо екипата на Струга.
Откако двете екипи го постигнаа својот прв гол, Вардар Јуниор преку Мартин Карапалевски успева да поведе со 2:1 Во првото полувреме свое гол шоу имаше левиот бек, Дејан Кукуловски кој речиси се што шутна успеа да заврши во противничкиот гол. На голот започна Васил Гогов кој исто така имаше добро издание во текот на првите 30 минути. Откако гостинот од Струга го израмни резултатот на 2:2, црвено-црните влегоа во серија од 6:0 од кои сите шест погодоци беа дело на еден ист играч, се работи за Кукуловски, голови со кои стигнавме до највисоки 8:2. Игравме одлично во овој дел од мечот, а тренерот Петрушевски добро ја постави играта. Гогов повторно се истакна на голот со нова одбрана, додека Вардар Јуниор одржуваше позитива од шест разлика (10:4) беше резултатот во 15 минута од дуелот. Повторно со погодок на Кукуловски поведовме со 11:4, додека Гогов имаше нова одбрана на нашиот гол. Се беше во знакот на Кукуловски, повремениот играч на првиот тим, вечерва имаше што да покаже. Со неговиот нов гол во 19 минута имавме и највисоки осум гола позитива (13:5), додека следеше период во кој гостинскиот тим успева да смали на 15:9. Затоа тука беше Кукуловски кој зголеми на 16:9. Екипата на Струга беше во серија од три погодоци со кои намали на 16:12. Сепак, со погодоците на Ќосевски и Куловски поведовме со 18:12, додека последниот гол во првото полувреме го постигна Струга, за резултат 18:13 на полувреме.
Стефан Атанасовски беше играчот кој прв погоди во вториот дел, за резултат 19:13, додека во следниот напад зголемивме и на 20:13, додека Карапалевски погоди за 21:13. Следните два погодоци беа за екипата на Струга која намали на 21:15, за Карапалевски со нов гол да зголеми на 22:15. Во наредните шест минути стигнавме и до првата двоцифрена предност, во контра-напад погоди Ќосевски за резултат 27:17, па полека беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој меч. На голот остана Васил Гогов кој се истакна со нова интервенција. Бевме во нова серија, па со головите на Ќосевски и Виктор Крстевски поведовме и со убедливи 30:17. Предноста постојано растеше, така беше и кога погоди Крстевски за водство од 38:22. На крајот победата беше изразена со резултат 40:23.
Ова беше шестта победа за Вардар Јуниор во Супер-лигата. Кукуловски постигна десет голови и тоа за едно полувреме, додека Крстевски имаше шест погодоци.