Тројца играчи на Вардар се најдоа во најдобриот тим на СЕХА-лигата, за месец ноември. Се работи за Сикошек Пелко, Иван Чупиќ и Сташ Скубе. После седум одиграни кола во ова натпреварување, Вардар има скор од шест победи и еден порази и со 18 освоени бодови се наоѓа на првото место во својата група.
Вака изгледа најдобриот тим во СЕХА-лигата за изминатиов месец.
Голман: Тодор Јандриќ (Металопластика)
Лево крило: Милош Грозданиќ (Војводина)
Лев бек: Борут Мацковшек (Веспрем)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Микита Ваилупау (Мешков Брест)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Кружен напаѓач: Домен Сикошек Пелко (Вардар)
Тренер: Веселин Вуковиќ (Металопластика)