Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во карантин во Струмица, есенската титула во мислите!!
Вардар во карантин во Струмица, есенската титула во мислите!!

Вардар во карантин во Струмица, есенската титула во мислите!!

Стручниот штаб на ФК Вардар не препушта ништо на случајноста, па така лидерот на табелата веќе е во Струмица во карантин каде е со мислите само за утрешниот натпревар на стадионот „Младост” на кој ќе треба да издвојува победа и да се промовира во Есенски шампион на Македонија, на едно коло пред крајот на календарската година.

Дека Вардарци се подготвуваат максимално за овој дуел, говори и податокот дека „црвено – црните” веќе се во oвој град, каде денеска имаа полесен тренинг, а и тактички се подготвуваат за утрешниот дуел. Противникот е добро скениран, па се надеваме на добра игра и победа на нашиот тим.

Во тимот се враќаат на клупата Васоски, како и во првиот тим Најдовски и Адем. Поради два жолти картони, ќе го нема Дарко Мицевски, кој одработува еден меч суспензија.