Зад нас е 13.коло во првенството на младинските фудбалски лиги, во кое за противник ја имавме екипата на Шкупи, против која не поминавме баш најдобро односно забележавме само една победа.
Помладите пионери на Вардар се единствените и после ова коло кои се уште не се поразени во сите четири младински категории. На мечот со Шкупи одигравме без голови, доволно да го задржиме лидерското место пред екипата на Работнички, која сега има само еден бод негатива пред црвено-црните. Во ова коло, Работнички славеше победа против Еуроспорт и се доближи на Вардар на само еден бод.
Пионерите на Вардар го доживеаа и третиот пораз сезонава, откако беа поразени на гостувањето кај екипата на Шкупи и на тој начин останаа на второто место на табелата. Со победата во дербито против Шкендија, екипата на Академија Пандев ја зголеми бодовната разлика на четири бода пред Вардар.
Кадетите на Вардар се единствените кои славеа на дуелите со екипата на Шкупи. Црвено-црните ја одржуваат борбата за титулата, иако се наоѓаме на четвртата позиција заостануваме само пет бода во однос на Работнички од кој имаме и натпревар помалку за одигрување. Во оваа категорија, Работнички е лидер со 28 бодови, втора е А.Пандев со 27, додека Шкендија има 25. На четвртото место е Вардар со 23 освоени бодови.
Младинците на Вардар го претрпеа и шесттиот пораз сезонава. Тие се наоѓаат на долниот дел на табелата со само 16 освоени бодови. Првото место е за тимот на Шкендија кој има 32 бодови, додека Работничкие втор со 28 бода.
Во последното есенско коло, ќе се одигра градското дерби со екипата на Работнички.