Словенската ракометна репрезентација иако се уште нема назначено нов селектор, сепак го објави поширокиот список на ракометари, на кои ќе смета на подготовките за претстојното Европско првенство.
Од неодамна, поранешниот вардаров тренер, Веселин Вујовиќ доби отказ од селекторската позиција, па во наредниот период во очекување е да се објави името на новиот предводник на словенците.
Што се однесува до поширокиот список на играчи, на истиот се најде ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, кој претходно не беше во плановите на Вујовиќ. Се повеќе се зборува дека негова алтернатива ќе биде помошникот, Урош Зорман. На позицијата среден бек, Скубе има конкуренција во Бомбач од Пик Сегед и Зарабец од Кил.