Вчера се комплетираше 5.коло, воедно последно во женската кадетска група-1 каде што играат избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева. Тие ќе идат на пауза како „лидери“ врзаа пет победи оваа есен во оваа конкуренција, на тоа ако ги додадеме и деветте во пионерската лига, имаат 14 од 14 есенва.
Последен дуел кој се одигра беше вчерашната средба, Кузман-Ѓорче во населба Илинден. Домаќинот дојде до победа со 26-25, тоа е прв нивни успех и се изедначи со уште два тима оваа есен. Нивниот труд конечно беше награден со триумф оваа сезона, останува пролета за ново докажување. Во останатите два меча, тимот на РК Шампион исто така гостуваше во салата „Гоце Делчев“ во н.Илинден кај тимот на РК Илинден Вардар. Тие со победата од 20-29 успеаа да бидат најдобар тим после двоецот Металург-Вардар кој доминира во оваа група. Вардар во дербито гостуваше кај Металург, двата тима имаа по 12.бода, перфектни 4/4 дотогаш.
Овој дуел беше реприза на ланското финале во кадетската лига. Почна мечот, дербито се играше со високо темпо, борбено, двете екипи ја посакуваа победата и се менуваа во водството. На одмор првпат есенва заминавме со негатива, губевме со 14-12 за време на паузата помеѓу двата дела. Сепак нема да имаат прекар „Лавици“ младите дами ако не изгинат кога е најтешко. Тргнавме во пресврт, газевме за секоја топка, сите девојки во одбраната и нападот гинеа за светиот црвено-црн дрес, почнавме да ја топиме предноста и полека да минуваме во водство. Борјана Коцева и Наталија Максимовска играа незадржливо, полнејќи ја сино-белата мрежа. Победивме со дури осум гола повеќе, на крајот беше 25-33.
Табелата е јасна, ние со 15.максимални бодови сме први, Металург по „горчината“ на поразот во дербито мора да се задоволи со втората позиција, Шампион е трет, останатите три екипи имаат по три бода. Ние го имаме најдобриот напад со постигнати 198 погодока или неверојатни речиси 40 погодоци по меч. Ја имаме втората најдобара одбрана во лигата која прима во просек 21 погодок по меч.
Да напомене во женска кадетска конкуренција има три групи па дирекно на Ф-4 носи само лидерското место, а само една од трите второпласирани екипи ќе се придужи на завршницата.
1.ЖРК Вардар 15 бода
2.Металург 12 бода
3.Шампион 9.бода
4.Кузман, Ѓорче и Илинден по 3 бода