Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Речиси цела екипа на РК Вардар може да се најде на претстојното ЕП
Речиси цела екипа на РК Вардар може да се најде на претстојното ЕП

Речиси цела екипа на РК Вардар може да се најде на претстојното ЕП

Селекторите на ракометните репрезентации започнаа да го објавуваат поширокиот список на играчи, на кои ќе можат да сметаат на подготовките за претстојното Европско првенство, кое е закажано да се одигра во периодот од 9-26.јануари следната година.

Речиси цела екипа на Вардар конкурира да се најде на Европското првенство кое во 2020 година ќе се игра во три земји, тоа се Австрија, Норвешка и Шведска.

Македонскиот селектор, Данило Брестовац, за подготовките ќе смета на Стоилов, Димитриоски , Кизиќ и Кукуловски.

Селекторот на Русија и моментален тренер на Вардар, Едуард Кокшаров, повика шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Тимур Дибиров, Данилл Шишкарев, Сергеј Горпишин, Глеб Калараш, Сергеј Горбок и Павел Атман.

После подолго време во составот на Словенија, се враќа и Сташ Скубе, додека за Летонија се поканети Даинис Кристопанс и Артурс Кугис.