Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинска ракометна лига: Вардар одигра реми со Струга, Вардар Јуниор со службена победа против РК Преспа
Младинска ракометна лига: Вардар одигра реми со Струга, Вардар Јуниор со службена победа против РК Преспа

Младинска ракометна лига: Вардар одигра реми со Струга, Вардар Јуниор со службена победа против РК Преспа

Младинците на РК Вардар, избраниците на Зоран Петковски-Зенга одиграа реми 29-29 во последното есенско коло. Пионерите на Вардар одиграа нерешено со младинскиот тим на Струга.

Дуелот започна изедначено, двата тима постигнаа по еден гол за почетни 1-1. Екипите постојано беа блиску една до друга. Беше 2-2 па 3-3, противникот  се одлепи на 3-5, но ние  изедначивме  на 5-5. До 8-8 се играше буквално гол за гол, Струга  со мини серија 1-3 поведе со  9-11. Следеше неверојатен пад во нивната  игра,  вардарци со висока серија од 7-0 поведоа со  16-11 и со плус пет заминавме на одмор.

Домашниот  тим го имаше целосно под контрола дуелот, тие додадоа уште два гола на предноста, па поведоа со високи седум гола при резултат, 23-16. Сепак  пионерскиот тим на Вардар немаше сила да ја зачува предноста, повозрасните ривали успеаа до крјаот на натпреварот да изедначат на 29-29 и да се изборат за бод од овој дуел во младинската лига.

Кај нас прв стрелец беше Матеј Трајановски кој погоди 10 пати, а Трифуновски Виктор даде шест гола, пикерот Стојменов Александар имаше четири погодока.

b4-660x330

Младинците на Будимир и Станковски требаше да одиграат „гостински“ меч во Јане Сандански со екипата на РК Преспа Јуниор. Ривалот не се појави на мегданот, па нашиот тим, Вардар Јуниор запиша службена победа со резултат 0:10. Ова беше последен меч за нас во есенскиот дел.