Селекторите на ракометните репрезентации започнаа да го објавуваат поширокиот список на играчи, на кои ќе можат да сметаат на подготовките за претстојното Европско првенство, кое е закажано да се одигра во периодот од 9-26.јануари следната година.
Речиси цела екипа на Вардар конкурира да се најде на Европското првенство кое во 2020 година ќе се игра во три земји, тоа се Австрија, Норвешка и Шведска.
Македонскиот селектор, Данило Брестовац, за подготовките ќе смета на Стоилов, Димитриоски , Кизиќ и Кукуловски.
Селекторот на Русија и моментален тренер на Вардар, Едуард Кокшаров, повика шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Тимур Дибиров, Данилл Шишкарев, Сергеј Горпишин, Глеб Калараш, Сергеј Горбок и Павел Атман.
После подолго време во составот на Словенија, се враќа и Сташ Скубе, додека за Летонија се поканети Даинис Кристопанс и Артурс Кугис.