Денес на теренот во Марино, натпревари од 13.коло во регионалната-скопска лига одиграа генерациите на ФК Вардар 2005 и 2006 кои гостуваа на екипата на Грозданоски.
Генерацијата 2006 стигна и до 12.последователна победа, откако убедливо на гостински терен го совлада тимот на Грозданоски (0:5). Уште во 3.минута од мечот со голот на Нуман Ајетовиќ успеавме да го отвориме резултатот на 0:1, додека во 15 минута со голот на Алтин Алији зголемивме на 0:2. Сите дилеми за конечниот победник ги решивме до крајот на првото полувреме, кога постигнавме уште два гола. Најпрво во 21 минута со голот на Данил Ордевски поведовме со 0:3, додека резултатот 0:4 на полувреме ги постави Милош Спасовски со погодок во 30 минута. Високото водство ни овозможи мирна игра во вториот дел, во кој успеавме да постигнеме уште еден гол во мрежата на Грозданоски. Стрелец на голот беше Алтин Алији во 45 минута од дуелот за конечни 0:5 на овој натпревар.
Вардар: Данстак, Ордевски, Николов, Јанкоски, Миовски, Спасовски, Ајетовиќ, Величковски, Алији, Нурединовски, Николовски (c).
Во игра влегоа уште и Илески, Митревски, Танчев, Настевски, Анастасов и Цониќ.
До победа стигна и генерацијата 2005 која во второто полувреме го скрши отпорот на домашниот тим. По првото полувреме мрежите на двата тима мируваа, па на полувреме се замина со почетните 0:0. Резултатот за 0:1 успева да го отвори нововлезениот Никола Величковски кој во 55 минута погоди за предност на Вардар. Со голот на истиов играч во 70 минута имавме и водство од 0:2, додека „печат“ на победата стави Лука Јакимовски кој погоди во 72 минута за конечни 0:3 на овој дуел од регионалната-скопска лига. Ова беше 10.победа за генерација 2005 во лигата.
Вардар: Филевски, Кулуковски (c), Серафимов, Јакимовски, Николовски, Уневски, Дошев, Спасиќ, Стефановски, Антевски и Јовановски.
Во игра влегоа уште и Цветков, Величковски, Ристевски, Калановски, Таневски и Илиевски