Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Голема победа за кадетите на ФК Вардар во дербито со Работнички, младинците без бодови
Голема победа за кадетите на ФК Вардар во дербито со Работнички, младинците без бодови

Голема победа за кадетите на ФК Вардар во дербито со Работнички, младинците без бодови

Денес на теренот на Алумина, своето 14 коло во младинските лиги го одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар.

Голема победа остварија кадетите на Вардар под водство на Филип Ивановски, кои успеаа да го победат лидерот во лигата, екипата на Работнички. Со оваа победа му вратиме на градскиот ривал, за поразот на домашен терен. Иако домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот, сепак на крајот од мечот на победата се радуваа црвено-црните. Уште во 5.минута од натпреварот, домашниот тим успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. И покрај негативата, кај вардаровите играчи не изостана желбата за триумф. Во 24.минута преку Леонид Игнатов успеавме да го израмниме резултатот на 1:1, додека до крајот на првото полувреме направиме и целосен резултатски пресврт. На десет минути пред крајот на првиот дел, за прва предност на Вардар се погрижи нашиот напаѓаш и капитен, Азер Омерагиќ кој ја погоди противничката мрежа за водство од 1:2, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Бевме подобрата екипа и во второто полувреме, имавме иницијатива која ја крунисавме со нов гол. Повторно Омерагиќ се покажа како „кобен“ за противничката одбрана, со вториот гол на Азер во 60 минута имавме предност од 1:3. Во последните пет минути опд натпреварот, Работнички се погрижи да го намали резултатот на 2:3 кој се покажа на крајот и како конечен.

Со овој триумф, Вардар ја намали негативата на само два бода пред екипата на Работнички, но да напоменеме дека имаме и натпревар помалку за одигрување, овој во Прилеп против екипата на Победа.

Вардар: Китаноски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Трајановски, Омерагиќ, Раечица, Игнатов.

Во игра влегоа уште и Шабани, Салиу и Фазлиу.

Младинците на ФК Вардар го загубија својот дуел против Работнички. На овој меч славеше противникот со резултат 2:0, со голови во првото полувреме. Во 4 и 10.минута од мечот, Работнички ги постигна двата гола, кои на крајот се покажаа како единствени на но овој натпревар.

Вардар: Стојковски, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Ангелковски, Кртовци, Ристовски, Демири, Димоски.