Saturday ,18 January 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за ФК Вардар генер. 2010 на турнирот во Грција
Две убедливи победи за ФК Вардар генер. 2010 на турнирот во Грција

Две убедливи победи за ФК Вардар генер. 2010 на турнирот во Грција

Генерацијата 2010 на фудбалскиот клуб Вардар со две победи стартуваше на турнирот „Пефкохори Куп 2019“ во Грција.

Во текот на денешниот ден, момците на Влатко Колев одиграа два натпревари кои ги добија во своја корист. На отварање на турнирот, за противник ја имавме екипата на Арис од Грција, која ја совладавме убедливо со резултат 13:0. Во второто коло се сретнавме со екипата на Егеас, исто така од Грција, која ја победивме со резултат 6:2.

received_2691420777585195

Доколку утре ја победиме екипата на Јанг Тим од Струга, ќе се пласираме во големото финале на турнирот, со оглед дека првопласираните од двете групи ќе се борат за трофејот од овој меѓународен турнир.