Важно известување за сите љубители на фудбалот и Вардар кои утре планираат да дојдат на Градскиот стадион во Скопје и да ја прослават есенската титула на својот миленик.
Освен се разбира западната трибина каде ќе бидат сместени Комитите, дополнително ќе биде пуштена северната трибина, а не јужната.
Значи, да нема забуни и нервози пред натпреварот, утре сите навивачи на Вардар кои нема да одат на запад, ќе треба да се упатат кон северната трибина и да го проследат натпреварот.
Се гледаме утре на стадион од 13.00 часот.
Напред Вардар!