Monday ,10 August 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор поразен на гостувањето кај Охрид, во последното есенско коло од Супер-лигата
Вардар Јуниор поразен на гостувањето кај Охрид, во последното есенско коло од Супер-лигата

Вардар Јуниор поразен на гостувањето кај Охрид, во последното есенско коло од Супер-лигата

Младиот состав на Вардар Јуниор е поразен на гостувањето кај Охрид, на меч од последното есенско коло во најсилната супер лига.

Екипата на Охрид ја оправда фаворитската улога и на крајот славеа победа со резултат 33:18. На овој меч видовме само едно израмнување и тоа во првите минути, кога резултатот беше 1:1. Домашниот тим уште на стартот се одлепи кога со серија од пет последователни голови успеа да поведе со 6:1. Како одминуваше првото полувреме, екипата на Охрид ја зголемуваше предноста, при резултат 9:3 направија серија од 5:1 и стигнаа до двоцифрена предност од 14:4. До крајот на првото полувреме, двете екипи постигнаа по четири голови, па на полувреме се замина со резултат 18:8.

Беше се јасно, кога на самиот старт од вториот дел, противникот зголеми на 23:9, па остатокот од мечот беше рутина за повозрасниот и поискусен тим на Охрид, кој на крајот стигна до убедлива победа. Во нашите редови најефикасен со 6 погодоци беше Мартин Карапалевски, додека Дамјан Јакимовски постигна 4 голови.

Лидер на табелата е екипата на Металург со 38 бодови, еден помалку има Охрид со 37, додека Вардар Јуниор е на 6.место со 18 освоени бодови.