Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Две пионерски и една кадетска екипа на РК Вардар дел од младински турнир во организација на РК Илинден
Две пионерски и една кадетска екипа на РК Вардар дел од младински турнир во организација на РК Илинден

Две пионерски и една кадетска екипа на РК Вардар дел од младински турнир во организација на РК Илинден

На 20,21 и 22.декември во скопската населба Илинден во салата “Гоце Делчев“ во огранизација на РК Илинден Вардар од истоимената населба ќе се одигра силен ракометен младински турнир на кој црвено-црните екипи на Вардар земаат учество.

На “Младински ракометен турнир Илинден-2019“ ние ќе настапиме со машката пионерска селекција предводена од Зоран Петковски-Зенга, потоа кадетскиот тим на Андријана Будимир и пионерскиот тим на ЖРК Вардар на Платон Анжела и Марија Папуџиева. Кај момците ќе се игра во генерација родени 2002/2003, а кај дамите во генер.2004/2005 година. На турнирот домаќинот најавува присуство на селекторот Данило Брестовац кој ќе селектира момци за кадетската селекција.