Вечера на лизгалиштето во А1 Арена при СЦ „Борис Трајковски“ започна седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“. На првиот натпреварувачки дентимот Македонија јуниори – селекција составена од младински играчи загуби од Тим Интернешнл со 4-9.
Екипата на Торпедо од Букурешт, која веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал го совлада Вардар со 7-3. Вардарци денес ги очекуваат два дуели, против екипите на Тим Интернешнл и Македонија јуниори. Финалните натпревари кои ќе се одржат утре, в недела на 16 декември.
фото:гол.мк