Заврши првиот круг во машката кошаркарска Прва Лига, по крајот на истиот сениорскиот колектив на КК Вардар има само една победа и дузина порази. Од овој викенд на програмата е 10.коло, односно првото од вториот круг.
Ние во истото гостуваме кај тимот на Евро Никел 2005, мечот ќе го играме денес попладне. Дуелот е закажан со почеток во 18-00 часот во салата “Јасмин” , Кавадарци. На првата средба одиграна во „Кале“ иако имавме солидна игра сепак забележавме пораз во натпреварот со овој ривал, кавадарчани не совладаа на тој дуел со резултат 82:92.