Екипата на ЖРК Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната во супер лигата на третото место. Пред нас се екипите на Куманово и Металург. Што се однесува до листата на најдобри стрелци, врвот е за поранешната вардарка, се работи за Анастасија Николовска која настапува за екипата на Чаир. Во ТОП-10, место има и за Андреа Седлоска, која е осми најдобар стрелец во лигата, со вкупно 71 постигнат гол.
Вака изгледа листата на најдобри стрелци во есенскиот дел, истата е превземена од ракометниот портал, „24 ракомет“
118 – Анастасија Николовска (Чаир)
116 – Марија Анчева (Пелистер)
112 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)
89 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)
89 – Магдалена Делиоска (Стружанка)
77 – Мартина Стефановска (Спартак)
72 – Јасмина Попова (Гевгелија)
71 – Андреа Седлоска (Вардар)
70 – Ана Георгиевска (Алушовски)
70 – Марија Николовска (Чаир)