Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Гео продолжува да ги тресе противничките мрежи, кадетите на ФК Вардар со висок триумф во Прилеп го завршија есенскиот дел на делба на првото место со Шкендија
Гео продолжува да ги тресе противничките мрежи, кадетите на ФК Вардар со висок триумф во Прилеп го завршија есенскиот дел на делба на првото место со Шкендија

Гео продолжува да ги тресе противничките мрежи, кадетите на ФК Вардар со висок триумф во Прилеп го завршија есенскиот дел на делба на првото место со Шкендија

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар со победа го завршија есенскиот дел во рамките на кадетската супер лига. Утрово тие гостуваа во Прилеп, кај екипата на Победа, која ја совладаа со резултат 1:5.

На овој дуел, во стартниот состав на Вардар се најдоа и двајца играчи кои настапуваат за пионерите. Се работи за Георг Стојановски кој успеа да постигне три гола и Антони Мирков.

Вардар: Китановски, Радуловиќ-Величковиќ, Салиу, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Мирков, Стојановски, Речица, Трајановски.

Уште по првото полувреме ги решивме дилемите за победникот, кога црвено-црните имаа предност од 1:3. Резултатот го отворивме уште во 8.минута од дуелот, кога противничката мрежа ја затресе Фисник Салиу за 0:1. Георг Стојановски беше играчот кој во наредниот период успева да се запише во листата на стрелци и тоа два гола за младиот вардаров напаѓач. Најпрво во 16 минута му донесе водство на Вардар од 0:2, додека во 24.минута зголеми и на 0:3. До крајот на првото полувреме, домашниот тим успеа да го намали резултатот на 1:3.

Георг Стојановски покажува дека се работи за играч од врвен калибар, повторно со негов гол, денес хет-трик, успева да го зголеми водството на 1:4, додека конечните 1:5 на овој дуел беа дело на стоперот Виктор Крстевски кој погоди во 76 минута од мечот.

Само поради еден гол, Вардар не заврши како есенски шампион. Избраниците на Филип Ивановски го делат првото место на табелата со екипата на Шкендија, до идентични 29 освоени бодови, додека на третото место е екипата на Работнички која има 28 бодови, а Академија Пандев е на 4.позиција со 27 бодови.

80589510_986697508360521_7476596296267071488_n