Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Игор Карачиќ е прогласен за ракометар на годината во Хрватска, второто место е за Иван Чупиќ
Игор Карачиќ е прогласен за ракометар на годината во Хрватска, второто место е за Иван Чупиќ

Игор Карачиќ е прогласен за ракометар на годината во Хрватска, второто место е за Иван Чупиќ

Играчот на кој вечно ќе му се аплудира, Игор Карачиќ, поранешниот играч на Вардар, е прогласен за најдобар ракометар на Хрватска во годината која полека изминува.

Целосно заслужено признание за Карачиќ кој во 2019 година успеа да ја освои и втората Европска титула со Вардар и да го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, а со црвено-црните ја освои и македонската супер лига. На Ф4 турнирот во Келн, на кој ги победивме екипите на Барселона и Веспрем, Карачиќ го понесе признанието за МВП на завршниот турнир.

Карачиќ победи убедливо со 91 освоен глас, додека второто место му припадна на актуелниот играч на Вардар, се работи за Иван Чупиќ кој освои 42 голови. Во изборот беа уште и Домагој Дувњак, Мануел Штрлек и Давид Мандиќ.