Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2005 под водство на Петковски се есенски шампиони во регионалната-скопска лига
ФК Вардар генер. 2005 под водство на Петковски се есенски шампиони во регионалната-скопска лига

ФК Вардар генер. 2005 под водство на Петковски се есенски шампиони во регионалната-скопска лига

Генерацијата 2005 на фудбалскиот клуб Вардар успеа да заврши како есенски шампион во рамките на регионалната-скопска лига. Ова е втора сезона за оваа генерација во лигата, во која ќе се обидат да го одбранат трофејот, предводени од Зоран Петковски. Со оглед дека имаме неколку играчи кои се дел од Академијата на ФФМ, оваа генерација можеби и даде максимум во првиот дел од сезоната. Доживеавме само еден и единствен пораз и тоа од нашиот најголем а и единствен конкурент за трофејот, тоа е екипата на Кул Здравје. Едно лошо полувреме не чинеше пораз од овој противнико, но останатите мечеви ги добивме во своја корист. И покрај споменатиот пораз, Вардар заврши на првото место во есенскиот дел, со оглед дека Кул на два пати одигра со нерешен резултат. Со оглед дека Македонија Ѓ.П нема екипа во оваа генерација, беа одиграни вкупно 13 кола, 12 натпревари добивме а 1 изгубивме. Гол разликата е 62 постигнати и 13 примени голови.

1628

Сите резултати на генерација 2005 во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Шкендија  4:1

2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар ( службена победа)

3 коло: Вардар – Работнички  3:0

4 коло: Шкупи – Вардар  0:2

5 коло: Вардар – Еуроспорт  8:1

6 коло: Њу Старс – Вардар  0:6

7 коло: Вардар – Кул Здравје  3:6

8 коло: Вардар – Форца  5:0

9 коло: Вардар – Милано  2:1

10 коло: Сарај – Вардар  1:8

11 коло: Вардар – Драчево Јуниор  3:1

12 коло: Грозданоски – Вардар 0:3

13 коло: Вардар – Фортуна  10:0

14 коло: Сарај – Вардар  2:5

Успеавме да се пласираме во најдобрите четири екипи на националниот Куп. Најпрво во осмина-финалето во еден дуел го елиминиравме тимот на Фортуна, за во четврт-финалниот двомеч да бидеме подобри од Академија Пандев.

1/8: Вардар – Фортуна  9:0

1/4, 1 меч: Акад. Пандев – Вардар  2:3

1/4, 2 меч: Вардар – Акад. Пандев  4:0

Како што напоменавме, Вардар со предност од еден бод пред Кул Здравје го финишираше есенскиот дел. Најблиску до нив е само екипата на Шкендија која има 30 освоени бодови.

20054