Од 16 до 28 декември евинствениот олимпиец за Токио 2020, вардарецот Магомедгаџи Нуров се наоѓа на општофизички подготовки во Спортскиот Олимписки центар во СОЧИ, под раководство на нашиот тренер Гајдар Гајдаров кој е воедно и еден од главните тренери на Дагестанската Боречка Федерација.
Бидејќи поради одржувањето на Олимписките Игри, порано се поместени и неколкуте престижни натпреварувања, како што е Европското првенство на кое што Нуров посакува да освои медал за Македонија . Според проф.Пешко , порано се започнати 15 дневните базични подготовки, за да се продолжи со техничко-тактичко усовршување и остварување на запланираниот резултат.
Деновиве во номинација за најуспешен спортист на град Скопје , веднаш зад ракометарот Столе Стоилов од нашето спортско друштво , чија награда (отсуство поради припремите во Сочи) ја прими личниот тренер Моги Ибрагимов. И на изборот на Агенцијата за млади и спорт Нуров високо котираше и заврши зад Стоилов.
Воедно Гајдаров и Нуров им посакаа на сите љубители и пријатели СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ.