На турнирот во Бачка Топола, Србија настапија дузина вардарци. Свој настап имаше претседателот на Вардар, Димитар Димитровски и член на хрватскиот тим КК Метројак. Потоа: Дарко Димитровски, Бранко Митиќ, Љупчо Митиќ, Зоран Ристиќ, Влатко Стојанов и Мартин Митиќ.
Најдобар резултат очекувано имаше Димитар Димитровски кој успеа да дојде до бројката 629 „соборени дрва“. Втор резултат имаше најдобриот поединец на вардаровиот тим оваа есен во МКЛ, Марјан Згонц тој исто така беше над границата “600ка“, соборувајќи 609 „чуња“. Трет резултат впиша Митиќ Бранко кој дојде до бројот 582.