Македонската ракометна репрезентација активно се подготвува пред почетокот на Европското првенство.
Денес ќе одиграме нов контролен натпревар против селекцијата на Кувајт, првиот го добивме во своја корист (27:24).
Последната посилна подготовка ќе биде претстојниов викенд, каде Македонија ќе отпатува за Романија, каде ќе биде дел од турнирот „Трофеј Карпати“. На истиот, учество покрај домаќинот и Македонија, ќе земат и репрезентациите на Алжир и Холандија.
Во составот на алжирската селекција ќе биде голманот на Вардар, Калифа Гедбан, а првиот дуел на турнирот ќе го одиграме токму против оваа селекција. Доколку триумфиравме во финалето, ќе играме со подобриот од мечот меѓу, Романија и Холандија.