Помладите пионери на ФК Вардар ја играат дебитантската сезона во рамките на помладата пионерска супер лига. Момците на Тодоровски после завршување на есенскиот дел се најдоа на првото место, со четири бодови предност пред екипата на Работнички.
Вардар може да се пофали дека го има и вториот најдобар стрелец во лигата, а тоа е секако Бесар Гуџуфи. Пред него е само играчот на Шкупи, Шуку Ерион кој има постигнато 21 гол, додека Гуџуфи е на второто место со 20 постигнати голови. Вака изгледа ТОП-10 листата на најдобри стрелци во есенскиот дел на лигата во оваа возрасна категорија, во која има уште еден играч од редовите на Вардар:
1. Шуку Ерион ( Шкупи) -21
2. Бесар Гуџуфи ( Вардар ) -20
3. Димитар Трајков ( Акад.Пандев) -18
4. Кадрију Атдхе ( Шкендија ) – 16
5. Хамза Меметриза ( Шкендија) – 10
6. Матео Софијаноски ( Њу Старс) -9
7. Ибраим Левент ( Вардар ) -8
8. Бобан Ѓорчески ( Победа), Панче Петров ( Акад.Пандев) и Михаил Талевски ( Работнички) – 7
9. Шабан Аљбан ( Работнички) и Шабан Ерсин ( Шкендија) – 6
10. Дино Варошански ( Победа) и Марко Софијаноски ( Њу Старс) -5