Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Единствениот олимпиец на Македонија, вардарецот Нуров се подготвува во Сочи
Единствениот олимпиец на Македонија, вардарецот Нуров се подготвува во Сочи

Единствениот олимпиец на Македонија, вардарецот Нуров се подготвува во Сочи

Од 16 до 28 декември евинствениот  олимпиец за Токио 2020, вардарецот Магомедгаџи Нуров се наоѓа на општофизички подготовки во Спортскиот Олимписки центар во СОЧИ, под раководство на нашиот тренер Гајдар Гајдаров кој е воедно и еден од главните тренери на Дагестанската Боречка Федерација.

Бидејќи поради одржувањето на Олимписките Игри, порано се поместени и неколкуте престижни натпреварувања, како што е Европското првенство на кое што Нуров посакува да освои медал за Македонија . Според проф.Пешко , порано се започнати 15 дневните базични подготовки, за да се продолжи со техничко-тактичко усовршување и остварување на запланираниот резултат.

80023334_460738134844494_1476835495550910464_n

Деновиве во номинација за најуспешен спортист на град Скопје , веднаш зад ракометарот Столе Стоилов од нашето спортско друштво , чија награда (отсуство поради припремите во Сочи) ја прими личниот тренер Моги Ибрагимов. И на изборот на Агенцијата за млади и спорт Нуров високо котираше и заврши зад Стоилов.

Воедно Гајдаров и Нуров им посакаа на сите љубители и пријатели СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ.