Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар загубија од повозрасните екипи на Мокерц и Партизан, на турнирот „Трофеј Белград“
Пионерите на РК Вардар загубија од повозрасните екипи на Мокерц и Партизан, на турнирот „Трофеј Белград“

Пионерите на РК Вардар загубија од повозрасните екипи на Мокерц и Партизан, на турнирот „Трофеј Белград“

Пионерите на ракометниот клуб Вардар денес ги започнаа настапите на силниот меѓународен турнир „Трофеј Белград“. Избраниците на Зенга одиграа два натпревари.

На отварање на турнирот бевме поразени минимално од екипата на Мокерц КИГ од Словенија. Иако играме против повозрасен противник, момците на Зоран Петковски одлично се држеа во текот на целиот меч, но на крајот сепак тимот од Словенија издвои минимална победа, која беше изразена со резултат 15:16.

Во текот на целото прво полувреме, вардаровите пионери имаа константно водство, во неколку наврати од два гола, а највисоката позитива беше три гола (8:5), а на полувреме исто така имавме предност од 9:7.

Во вториот дел, екипата на Мокерц израмни на 11:11, но Вардар имаше предност од 14:13. Сепак во завршните пет минути, противникот се снајде подобро и славеѓе триумф.

Никола Анакиевски беше наш најефикасен играч со 4 голови, додека Матеј Трајановски и Александар Стојменов постигнаа по 3. Виктор Трифуновски беше стрелец на два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Марио Стојановски, Христијан Петковски и Георгиј Спасовски.

На вториот меч кој беше во вечерен термин се сретнавме со екипата на Партизан. На овој дуел славеше Партизан со резултат 18:14. Екипата од Србија подобро го отвори натпреварот, имаше и предност од 5:1, но како одминуваше првиот дел, црвено-црните играа се подобро. Успеавме да намалиме на 6:4 и 7:5, за Партизан повторно да се одлепи на четири гола позитива (9:5), но последните два гола во првото полувреме ги постигнаа вардарци, кои намалија на 9:7

Се боревме против повозрасниот противник, на стартот од вториот дел намаливме на 9:8, а беше и 10:9, по што србите влегоа во серија од 3:0 и поведоа со 13:9. Немаше резултатска неизвесност до крајот на дуелот, противникот одржуваше предност од четири голови и на крајот успеа да го добие натпреварот.

Стефан Ристевски, Андреј Перушевски, Матеј Трајановски, Александар Стојменов и Никола Анакиевски постигнаа по 2 гола. По 1 гол беа дело на Марио Стојановски, Мартин Сипковски, Христијан Петковски и Георгиј Спасовски.

На овој турнир, пионерите на Вардар се натпреваруваат со екипи составени од играчи кои се родени 2003 година.