Лидерот на табелата во македонската фудбалска лига, тимот на Вардар, веќе договорил еден силен тест натпревар на зимските подготовки во Анталија – Турција.
Некогашниот шампион на Украина и тим кој во овој момент вреди нешто помалку од 100 милиони евра на трансфер пазарот, ќе ја предизвика силината на младите момци на Александар Васоски.
Дуелот е предвидено да биде одигран на 23 јануари.
Вардар во Анталија ќе одигра и уште два супер тешки дуели, против некогашни шампиони на Хрватска и Србија. Очекуваме пред новата година и официјално да биде познат распоредот на сите контроли во Турција како и официјалниот датум на заминување на екипата.