Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс ќе биде највисокиот ракометар на претстојното ЕП
Кристопанс ќе биде највисокиот ракометар на претстојното ЕП

Кристопанс ќе биде највисокиот ракометар на претстојното ЕП

Вардар ќе го има највисокиот ракометар на претстојното Европско ракометно првенство, кое од 10.јануари следната година ќе се одржува во три земји, Австрија, Норвешка и Шведска.

Даинис Кристопанс кој со селекцијата на Летонија обезбеди историски пласман на ЕП ќе биде највисокиот играч на ова натпреварување. Вардаровиот „џин“ е висок 2.15 см, додека на второто место е Николај Маркусен од Данска со 2.12 см, додека Јосип Векиќ од Хрватска и Фин Лемке од Германија се високи 2.10 см.

Кристопанс се вбројува и меѓу најтешките играчи, кои ќе бидат дел од ЕП. Со своите 136 кг е на второто место, пред него е само Бенче Суч од Унгарија со 139 кг.