Клубот за Реално Аикидо „Вардар’ доби „нов дом“ на Ул.Козле бр.20, прекрасен и функционален простор. На 180м2 распослан е новиот црвено-црн дом, таму ќе се одржуваат тренинзи во вторник, четврток и сабота. Покрај тоа во ОУ„Александар Македонски“ во Ново Лисиче продолжува да фунционира црвено-црниот колектив во понеделник, среда и петок. За убавината на новиот простор и можностите за тренинг и запишување може да се информирате на нашиот сајт ТУКА
Ние бевме присутни на еден тренинг во новиот дом од кој ви носиме стотина фотографии. Своите вештини ни ги презенираа мајсторите на клубот кој работеа со младите надежи. Присутни беа: Антоан Диневски 2ри дан, Бојана Диневска 2ри дан, Јосиф Грујоски 1ви дан, Драгана Јовановиќ 1ви дан и Јаков Ивчевски 1ви дан. Доста моќна демонстрација на техники на самоодбрана успеавме да забележиме, се работеше професионално, вардаровиот тим има одлична екипираност.
Покрај присутните на овој тренинг во тимот Вардар има уште два мајстори, станува збор за: Антонио Дамјановски 2ри дан и Андреа Диневска 1ви дан.
.