Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ФОТО) Р.Аикидо клубот Вардар доби „нов дом“ на Ул.Козле бр.20, прекрасен и функционален простор
(ФОТО) Р.Аикидо клубот Вардар доби  „нов  дом“  на Ул.Козле бр.20, прекрасен и функционален простор

(ФОТО) Р.Аикидо клубот Вардар доби „нов дом“ на Ул.Козле бр.20, прекрасен и функционален простор

Како што веќе ве известивме Клубот за Реално Аикидо „Вардар“  кој постои повеќе од пет години досега тренинзите се одржувааше само  во ОУ„Александар Македонски“ во скопската населба Ново Лисиче. Сепак клубот  отиде чекор понапред и  понуди дополнителен простор и дополнителни термини за своите членови. Дојде време за нов, позитивен исчекор, напред во  инфраструктурната поставеност на тимот, обогатување на понудата која ќе ја имаат сегашните и идните членови. Во тоа и самите имавме прилика да се увериме, одлични и позитивни впечатоци остави на нас посетата на новиот дом.

1 2 2a

Тимот  1-ви јануари, идната година ќе имаат уште една локација, Вардар ќе фунционира на двете страни на градот истовремено. Новата локација се наоѓа на улица Козле број.20, па така ќе биде достапна и  за евентуалните млади членови од западниот дел на градот. Простор на кој бевме и за кој може да кажеме дека фасцинира.

2f 2q 3

На 180м2 е распослан новиот дом на црвено-црните аикидо момци и девојки. Одлично структуиран, со се што е потребно и неопходно, истиот ги има  сите можни услови. Просторот поседува сала за тренинг од 80-сетина метри квадратни. Соблекувални, тоалети, помошни простории, “кафе рум“ за родителите кои ќе може на екраните да ги следат случувањата и напредокот на нивните деца на тренингот кој се одвива во салата. Прекрасно парче црвено-црн простор, кое плени.

3t 3u

Нормално веќе се во полн ек   уписи на нови членови, за напомена и понатака во Ново Лисиче се ќе фунционира на исти начин.  Само сега клубот ќе има две локации, две можности за термини и многу повеќе простор за остварување на зацртаните планови и програми кои се пред нив. Просторот во Козле е нешто кое дава врвна шанса за напредување на идните членови на Вардар. Низ неколку фотогафии ви носиме како изгледа истиот, со напомена дека уредувањето е во предпоследна фаза целосниот изглед ќе биде готов веќе на почетокот на идната година. Наскоро ќе ви донесеме обемна фотогалерија со над 150 фотогафии од еден нивни тренинг во Козле.

5 5a 5q 6

* Клубот “Вардар“  имаа порака: Сите  наши тренинзи се од отворен тип,  повелете, дојдете да се дружиме. Уписот    на нови црвено- црни членови се врши на   секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.

7 8 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 32 33