Најтрофејниот македонски клуб Вардар е најдобриот наш претставник во историјата во Лигата на шампионите, откако денеска Европската фудбалска унија (УЕФА) ја објави вечната листа на најпрестижното натпреварување во изминативе 64 години – од 1955 до 2019.
Вардар се наоѓа на 146-тото место со вкупно осум настапи во елитното друштво (сосе квалификации) и вкупно освоени 18 бодови од 24-те настапи.
Зад Вардар се престижни тимови како Парма, Брага и Сампдорија, а на првите три места се Реал Мадрид, Баерн Минхен и Барселона.