Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Деспотовски е прогласен за најдобар тренер во младинскиот фудбал, Ибиши е најдобар млад играч
Деспотовски е прогласен за најдобар тренер во младинскиот фудбал, Ибиши е најдобар млад играч

Деспотовски е прогласен за најдобар тренер во младинскиот фудбал, Ибиши е најдобар млад играч

Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестацијата која се одржа во Македонскиот Народен Театар ги прогласи најдобрите во македонскиот фудбал во натпреварувачката сезона 2018/19.

За најдобар тренер во младинските категории е прогласен, Филип Деспотовски, кој изминатата сезона успеа со генерацијата 2003 да ја освои двојната круна ( лига и куп). Деспотовски како тренер дебитант во Академијата на Вардар постигна одлични резултати, па признанието најдобар тренер му припадна токму на него. За потсетување, Деспотовски моментално е во стручниот штаб на Емирејтс, заедно со Хаџиевски и Аврамовски, откако оваа сезона ја започна како тренер на кадетите, односно младинците на Вардар.

vardarfans-ibisi

Признанието за најдобар млад играч, му припадна на Џемал Ибиши, кој со своите добри игри се наметна во составот на Васоски. Својата фудбалска кариера, младиот напаѓач ја започнува во ФК Треска, за да продолжи во Сарај, а од таму во Металург, за следна станица да му биде Вардар. Беше еден од најдобрите стрелци во младинските категории на Вардар, за денес да биде член на првиот тим и да добие награда за најдобар млад играч.