Пионерите на Вардар на „Трофеј Белград“ дојдоа до финалето на “Президен купот“ на кој настапуваат екипите кои не минаа во фазата за расподелба на медали. Ние денес ја совладавме екипата на РК Јуниор Белград.
Нашите момци отворија добро, почнаа од самиот почеток да атакуваат на водство. Поведовме со 0-2 со два врзани гола, потоа и со 1-5 покажувајќи дека ние сме екипа која ќе го дикира темпото. Од минута во минута ја зголемувавме предноста во однос на ривалот на оваа средба, па на пауза заминавме со шест гола предност. Момците на Зенга помеѓу полувремињата водеа со 9-3.
Доминиравме и на почетокот и на вториот дел, првпат отидовме и на девет разлика кога поведовме со високи 13-4. Тоа беше нашето најголемо водство, противникот со серија 3-0 не врати на предноста од полувремето, односно на шест гола. До крајот лесно го исконтолиравме мечот победата дојде со резултат 17-12.
На оваа средба погодија по три пати: Кирил Симоновски и Матеј Трајановски