Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Ѓорѓевски: Ова се постигнатите цели за 2019 на Ватерполо клуб Вардар
Ѓорѓевски:  Ова се постигнатите цели за 2019 на Ватерполо клуб Вардар

Ѓорѓевски: Ова се постигнатите цели за 2019 на Ватерполо клуб Вардар

Ватерполо клубот Вардар на својата официјална страница излезе со следната информација:

Почетокот на новата  годината е време кога се осврнуваме и гледаме што сме постигнале  во  годината што изминала.Велат оставете делата да зборуваат и во право се, за нас зборуваат делата, како што е:

Пристапот како полно правна членка во пливачката федерација
Формирањето младински ватерполо тим
Остварените резултати на изминатите натпреварувања од нашите деца, деца што кога пристапија во нашиот клуб беа непливачи а сеа атакуваат на државни прваци, рекордери и сл.
Зголемувањето на термините (да потсетам кога започнавме имавме само 8 патеки месечно, сега бројката надминува 75 патеки.
Соработката со нашите веќе блиски пријатели Rotary Club Skopje Centar
Воведувањето на Адаптивното пливање на корисниците од Дневниот Центар ПОРАКА
Соработката со приватното училиште ИПС (International Primary School)
Организацијата на Родендени во вода во соработка со Boris Trajkovski Sports Center / Спортски Центар Борис Трајковски
Организацијата на првите припреми на нашиот клуб
Зголемување на членството на над 120 членови пливачи/ ватерполисти.
И навистина навраќајќи се гледам дека сме направиле и постигнале многу и како клуб и како спорт во целост.
Годината изминува а пред нас се нови мисии и нови цел но истата визија со уште поголема посветеност и уште поголем ентузијазам.
ДОКАЖАВМЕ дека младите луѓе знаат што и како треба да се работи, и дека може да се успее во оваа држава и без прлјави игри и политика. Останува да растеме и напредуваме
НЕКА Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2020 година
⚫️
Со почит
Александар Ѓорѓевски