Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров најефикасен во составот на Русија, која со два порази го заврши подготвителниот период пред стартот на ЕП
Дибиров најефикасен во составот на Русија, која со два порази го заврши подготвителниот период пред стартот на ЕП

Дибиров најефикасен во составот на Русија, која со два порази го заврши подготвителниот период пред стартот на ЕП

Ракометната репрезентација на Русија во која ќе гледаме најмногу играчи од редовите на Вардар, ги одиграа и последните два контролни натпревари пред стартот на ЕП. Избраниците на Кокшаров со порази ги завршија мечевите против селекциите на Португалија и Шпанија. Најефикасен и на двата дуели во составот на „зборнаја“ беше Тимур Дибиров.

Најпрво, русите претрпеа пораз од репрезентацијата на Португалија, која славеше со резултат 25:27. И на полувреме, португалците имаа позитива од два гола, кога резултатот беше 11:13. Најдобриот стрелец кај Русија беше вардаровото лево крило, Тимур Дибиров, кој успеа да постигне шест голови. Во листата на стрелци се запишаа уште и Глеб Калараш со 4, Данилл Шишкарев со 3 и Павел Атман со 2 гола.

Подобра од Русија, беше и домаќинот на турнирот, тоа е селекцијата на Шпанија која оствари висока победа, изразена со резултат 32:24. На полувреме имаа солидно водство од 15:9. Повторно Дибиров беше најефикасен постигнувајќи 5 голови, додека Атман и Калараш имаа по 3, а Шишкарев 2 погодоци.