Завршија новогодишните и божиќните празници, голем број на вардарови колективи од утре започнуваат со активности.
Еден од нив е кугларскиот клуб „Вардар„ кој утре ќе ги „пали“ моторите. Во кугларницата „Мусандра„ утре, 9.јануари, четврток црвено-црните куглари ќе ги започнат зимските подготовки за вториот дел од сезоната. Пред нас е пролетниот дел од МКЛ, Македонската кугларска лига и Купот на Република Македонија во куглање.